Грижа и одржување
Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и изработка
и кон него треба грижливо да се однесувате. Следниве
сугестии ќе Ви помогнат да ја заштитите важечката
гаранција.
•
Чувајте го уредот сув. Преципитацијата, влажноста
и сите типови на течности и влага може да содржат
минерали што ќе ги кородираат електронските
кола. Ако Вашиот уред сепак се навлажни,
отстранете ја батеријата и оставете уредот целосно
да се исуши пред да ја смените.
•
Не го користете или чувајте уредот во прашливи,
нечисти места. Неговите подвижни делови и
електронски компоненти може да се оштетат.
•
Не го чувајте уредот на топли места. Високите
температури може да го намалат векот на
електронските уреди, да ги оштетат батериите или
да искриват или растопат одредени пластични
делови.
•
Не го чувајте уредот на студени места. Кога уредот
се враќа на нормална температура, во
Упатства за проверка на Nokia батерии 45
внатрешноста на уредот може да се формира влага
и да ги оштети плочките на електронските кола.
•
Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин
освен како што е наведено во ова упатство.
•
Не го испуштајте удирајте или тресете уредот.
Грубото ракување може да ги скрши внатрешните
плочки на колата и прецизната механика.
•
Не користете груби хемикалии, раствори за чистење,
или јаки детергенти за чистење на уредот.
•
Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави
подвижните делови и да спречи правилно
функционирање.
•
Користете мека, чиста, сува ткаенина за чистење на
било кои леќи, како што се камерата, сензорот за
близина и леќите на светлосниот сензор.
•
Користете ја само антената што е приложена или
нејзина одобрена замена. Неодобрените антени,
модификации или приклучоци може да го оштетат
уредот и да ги прекршат правилата кои важат за
радио уреди.
•
Користете ги полначите во затворен простор.
•
Секогаш направете резервна копија на податоците
што сакате да ги зачувате, како што се контакти и
белешки од календарот.
•
За да го ресетирате уредот од време на време за
оптимални перформанси, исклучете го уредот и
отстранете ја батеријата.
Овие сугестии се однесуваат подеднакво на Вашиот уред,
батерија, полнач или било кој додаток. Ако било кој уред
не работи правилно, однесете го до најблискиот овластен
сервис.