Мапи и GPS
Можете да го користите глобалниот
позиционен систем (GPS) за поддршка
на апликацијата Мапи. Пронајдете ја
вашата локација или измерете го
растојанието и координатите.
Пред да можете да ја користите GPS
функцијата со вашиот телефон, морате
да го спарите вашиот телефон со
компатибилен надворешен GPS
приемник користејќи Bluetooth
безжична технологија. За повеќе
информации, видете во упатството за
вашиот GPS уред.
После спарување на Bluetooth GPS
уредот со телефонот, може да поминат
неколку минути за телефонот да ја
прикаже тековната локација. Следните
врски треба да бидат побрзи, но ако не
сте го користеле GPS неколку денови
или сте многу далеку од последното
место што го користевте, можат да
поминат неколку минути за да се открие
и прикаже вашата локација.
Глобалниот систем за позиционирање
(GPS) е управуван од Владата на
Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето
на системот. На точноста на податоците
на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите
кое го прави Владата на Соединетите
Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на
Министерството за Одбрана на
Соединетите Држави и Федералниот
Радионавигационен План. На точноста
исто така може да влијае и слабата
геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS
сигналите може да влијае и Вашата
околина, згради, природни пречки како
и временските услови. GPS приемникот
треба да се користи само надвор за да
овозможи прием на GPS сигналите.
Било кој GPS систем не треба да се
користи за прецизни мерења на
локации, и не треба никогаш да се
потпирате единствено на податоците за
локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за
позиционирање или навигација.