Преземање мапи
Вашиот телефон може да содржи
претходно инсталирани мапи во
мемориската картичка. Можете да
преземете нов сет на мапи преку
интернет користејќи Nokia Map Loader
компјутерски софтвер.
Nokia Map Loader
За да го преземете Nokia Map Loader на
вашиот компјутер и за понатамошни
инструкции, видете на
www.maps.nokia.com.
Пред да преземете нови мапи за првпат,
уверете се дека во телефонот е
вметната мемориска картичка.
Изберете
Мени
>
Мапи
за да направите
почетна конфигурација.
За да ја смените збирката од мапи во
вашата мемориска картичка, користете
го Nokia Map Loader за да ги избришете
сите мапи во мемориската картичка и
да преземете нова збирка, за да се
уверите дека сите мапи се од истото
издание.
Мрежна услуга за мапи
Можете да го поставите вашиот
телефон автоматски да презема мапи
што ги немате во вашиот телефон кога
е потребно.
Изберете
Мени
>
Мапи
>
Прилагодувања
>
Мрежни
прилагоду.
>
Дозв. мреж. употре.
>
Да
или
Во дом. мрежа
.
За да спречите автоматско преземање
мапи, изберете
Не
.
Даунлоадирањето мапи може да
вклучи пренос на огромни количини на
податоци преку мрежата на Вашиот
обезбедувач на услуги. Контактирајте
го Вашиот обезбедувач на услуги во
врска со наплаќањето за преносот на
податоци.
Мапи 35