
Безбедносни поставки
Кога се користат функциите за заштита
што ги ограничуваат повиците (како
што се забрана за повик, затворена
корисничка група, и фиксно бирање),
можни се и повиците до официјалниот
итен број програмиран во Вашиот уред.
Изберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Безбедност
и од следново:
Барање на PIN код или Барање за
UPIN код — за да се бара вашата PIN
или UPIN шифра при секое вклучување
на телефонот. Некои SIM картички не
дозволуваат барањето на шифрата да
биде исклучено.
Барање на PIN2 код — за да изберете
дали е потребна PIN2 шифрата при
употреба на специфични одлики на
телефонот кои се заштитени со PIN2
шифрата. Некои SIM картички не
дозволуваат барањето на шифрата да
биде исклучено.
Усл. за заб. на повик — за да ги
ограничите дојдовните повици кон и
појдовните повици од вашиот телефон
Направете го ваш телефон 13

(мрежна услуга). Лозинка за забрана на
повик е потребна.
Фиксно бирање — за да ги ограничите
вашите појдовни повици на одбрани
телефонски броеви, ако тоа е
поддржано од вашата SIM картичка.
Кога е вклучено фиксното бирање, не се
можни GPRS врски освен при испраќање
текстуални пораки преку GPRS врска. Во
овој случај, бројот на телефонот на
примателот и бројот на центарот за
пораки мора да бидат вклучени во
листата за фиксно бирање.
Затвор. корис. група — за да одредите
група на луѓе кои можете да ги
повикувате и кои можат да ве
повикуваат (мрежна услуга)
Ниво на безбедност — За да се бара
безбедносната шифра кога е вметната
нова SIM картичка, изберете
Телефон
.
За да се бара безбедносната шифра
кога е избрана меморијата на SIM
картичката и сакате да ја смените
користената меморија, изберете
Меморија
.
Пристапни кодови — за смените
безбедносната шифра, PIN шифрата,
UPIN шифрата, PIN2 шифрата или
лозинката за забрана
Код што се користи — за да изберете
дали да биде активна PIN или UPIN
шифрата
Серт. за авторитет или Серт. на
корисници — за да ја видите листата
на овластувачки или кориснички
сертификати преземени во вашиот
телефон.
Видете "Безбедност на
прелистувачот" стр. 34.
Прил. на мод. за без. — за да видите
детали за безбедносен модул,
активирајте барање за PIN за модул или
сменете PIN за модул и PIN за потпис.
Видете "Пристапни шифри" стр. 10.