Вметнување мемориска картичка
Користете само компатибилни microSD
картички одобрени од Nokia за
користење со овој уред. Nokia користи
одобрени индустриски стандарди за
мемориски картички, но некои видови
може да не се целосно компатибилни со
овој уред. Некомпатибилните картички
може да ја оштетат картичката и уредот
или податоците зачувани на
картичката.
Вашиот телефон поддржува microSD
картички до 4 GB.
1 Исклучете го уредот и отстранете го
задниот капак и батеријата.
2 Лизгајте го држачот на
мемориската картичка за да се
отклучи.
3 Отворете го држачот на картичката
и внесете ја мемориската картичка
во држачот со површината на
контактот завртена навнатре.
4 Затворете го држачот на
картичката и лизгајте го за да се
заклучи.
5 Вратете ја батеријата и задниот
капак.