Nokia 6600 slide - Профили

background image

Профили

Вашиот телефон има различни групи на

поставки наречени профили, кои

можете да ги прилагодувате со тонови

на ѕвонење за различни настани и

околини.
Изберете

Мени

>

Прилагодувања

>

Профили

, саканиот профил и од

следниве опции:

Активирај — за да го активирате

избраниот профил

Персонализирај — за да ги смените

поставките за профилот

Ограничено — за да го поставите

профилот да биде активен за одредено

време. Кога ќе истече времето

поставено за профилот, станува

активен претходниот профил кој не бил

темпиран.